Фокусот на проектот е да се ревидира Националната стратегија за развој на енергетиката 2040 во согласност со редефинираната економска состојба како резултат на глобалната пандемија и понатамошното развивање на програмата за имплементација која ќе ја операционализира стратегијата во почетниот петгодишен период. Планот за имплементација на Стратегијата исто така ќе вклучи аспекти поврзани со политики и мерки кои ќе ги инкорпорираат прашањата на родова еднаквост и социјална инклузија.
Стратегијата има за цел усогласување кон политиките на ЕУ и обезбедување на потребната платформа за модернизација и трансформација на енергетскиот сектор во согласност со енергетските трендови на ЕУ. Ова ќе придонесе за зголемен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на загадувањето и зголемено учество на приватниот сектор, земајќи ги предвид потенцијалот за развој на Северна Македонија.
Во рамки на проектот ќе биде развиен сеопфатен план за комуникација за Стратегијата за развој на енегетиката, односно т.н. зелено сценарио, и за петгодишната програма за имплементација со помош на која ќе се пренесе долгорочната посветеност на земјата кон енергетските реформи, при тоа градејќи доверба меѓу засегнатите страни и граѓаните.
Период 09.11.2020 - 31.03.2021
Донатор: Британската амбасада Скопје преку Фондот за добро управување (GGF).
Краен корисник на проектот: Граѓани (вклучително лица од ранливи категории), Влада на РСМ, Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, регулатори, енергетски здруженија и претпријатија
Главна цел:
Проектот има за цел да дефинира јасна, добро структурирана, петгодишна програма заснована на докази за спроведување на Националната стратегија за развој на енергетиката 2040 година.
Очекувани резултати: