Дигитализација на услуги во образовниот сектор | ЦУП
Сподели

Дигитализација на услуги во образовниот сектор

Фокусот на овој проект ќе биде дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот ќе опфати целосна дигитализација на овие услуги (достигнување на трансакциско ниво според одредниците на ЕУ), обезбедувајќи поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за администрирање на услугите и дизајнирање и испорака на промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници  на е-услугите.

Период 01.10.2021 - 31.03.2022

Донатор: Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Министерство за образование и наука, сите корисници на е-услуги

Главна цел:

Проектот има за цел да ги поддржи напорите за дигитализација во образовниот сектор преку продолжување на воведувањето е-услуги на Министерството за образование и наука, со цел да се подобри квалитетот на дадените услуги и намалување на физичките контакти.

Очекувани резултати:

1. Развиена е-услуга за упис на ученици во средните училишта

2. Развиен електронски систем за повици за финансирање научни и истражувачки проекти

3. Промотивна кампања за испорачаните нови е-услуги



Галерија на проектот

Презентација на платформа за електронски упис на средношколци

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk