] Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација | ЦУП
Сподели

Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација

Проектот „Реформи во управувањето за задоволни граѓани“ има цел да го стави доброто владеење на врвот на политичката агенда со вклучување на мерки за добро владеење во сите стратешки политики на Владата. Интервенцијата е дизајнирана да ги анализира постоечките проблеми поврзани со ефикасноста на јавната администрација, со цел да се развијат препораки и нови мерки за подобрување на управувањето во институциите. Предложените активности поддржуваат консултации со пошироки групи во општеството за дизајнирање на добро обмислени структурни реформи и силна национална визија за демократско општество. Проектот ги следи реформите на ЈА согласно стандардите за добро управување, како и квалитетот на работата на институциите. Целта е преку спроведувањето на проектините активности да се поттикне активна јавна дебата и предизвикување притисок за подобро управување и раководење во администрацијата и креирање на пофункционални јавни институции кои ќе ги пресретнуваат потребите на граѓаните.

Период 01.07.2022 - 30.06.2023

Донатор: National Endowment for Democracy

Краен корисник на проектот: Институциите на јавната администрација на централно ниво.

Главна цел:

Поддржување на практиките за добро управување и реформи во јавната администрација.

Очекувани резултати:

  • Спроведување на проценка и квалитативна анализа на актуелната состојба и успешноста на реформите во администрацијата, како и спроведувањето на клучните закони во областа. Развивање на методологија за следење на реформите во администрацијата согласно усвоените стратешки документи.
  • Подготовка на проценки, анализи и извештаи од следењето на различни области, предизвици и предлог политики поврзани со имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација.
  • Организирање на консултации со релевантни институции за процесот на имплементација на реформите во администрацијата и ефектите од нив.
  • Организирање на расправи и дискусии со засегнати страни за клучните предизвици во подобрувањето на функционирањето на јавните институции и препораки за понатамошно подобрување, со вклученост и на граѓаните и граѓанските организации, како и поттикнување на широка дебата за важноста за реформа на администрацијата и доброто управување.
  • Промовирање и дисеминација на наодите и извештаите креирани во рамки на проектот преку социјални мрежи и останати медиуми со цел поголема достапност до пошироката јавност



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk