Проекти
Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација – фаза 3
Овој проект има за цел да придонесе кон зајакнување на демократијата во Северна Македонија преку воспоставување на функционален систем на институционална отчетност и транспарентност. Проектот ќе овозможи практично следење на исполнувањето на Владината програма за работа и клучните реформски приоритети, преку јавнодостапни и мерливи индикатори. На овој начин граѓаните, медиумите и граѓанските организации ќе добијат алатка со која можат да го следат напредокот на институциите, да ги препознаат слабостите и да бараат подобри резултати.
Проектот се надоврзува на долгогодишната работа на Центарот за управување со промени (ЦУП) во областа на добро владеење и јавна администрација во градење на култура на отчетност и промовирање на активно граѓанско учество во процесите на креирање и следење на јавните политики.
Период 01.10.2025 - 30.09.2027
Донатор: National Endowment for Democracy (NED)
Краен корисник на проектот: Граѓаните на Северна Македонија, преку зголемена отчетност и транспарентност на Владата и јавните институции.
Главна цел:
- Да се унапреди транспарентното и отчетно владеење преку мониторинг на клучните реформски обврски и промовирање на добри практики на добро владеење во јавните институции.
- Да се зајакне граѓанското учество и застапување преку мобилизирање на засегнатите страни и граѓаните да бараат отчетност со помош на базирано на докази следење, јавен дијалог и стратешка комуникација.
Очекувани резултати:
- Јасен увид на јавноста во исполнувањето на реформските приоритети.
- Зголемена транспарентност и отчетност на институциите.
- Намалување на дискреционите овластувања и промовирање на мерит-базирани практики.
- Формирање на „Мрежа за отчетност“ за заедничко застапување на граѓански организации, медиуми, академија и бизнис-заедница.
- Подигната јавна свест и граѓански притисок за подобро владеење и реформи усогласени со ЕУ агендата.
Видео
Гостување на извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска, во рубриката „Тема на денот“ во дневникот на ТВ Сител
Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска, гостуваше во рубриката „Тема на денот' во дневникот на ТВ Сител, предводена од новинарката Славица арсовска. Гостувањето беше по повод иницијативата на ЦУП за обезбедување бесплатен пристап до службениот весник, со цел зајакнување на нивната правна сигурност на граѓаните, подобрување на деловната клима, поодбрување на работењето на институциите и подобрување на владеењето на правото.
Гостување на Анета Иванова-стојаноска и Димитар Врглевски во емисијата аргумент плус на ТВ 24
Анета Иванова-стојаноска и Димитар Врглевски од тимот на ЦУП, учествуваа во емисијата Аргумент плус на ТВ24, предводена од новинарката Билјана Секуловска, а во врска со иницијативата ан ЦУП за обезбедување бесплатен пристап до Службен весник за сите граѓани.
Гостување на Димитар Врглевски, проектен асистент во ЦУП, во емисијата Rishtazi
Проектниот асистент во ЦУП, Димитар Врглевски, гостуваше во емисијата Rishtazi, на новинарот Нзим Рашити, по повод иницијативата на ЦУП за обезбедување бесплатен пристап до „Службен весник“ за сите граѓани.








