Целта на програмата е оформи партнерство помеѓу владата и независните државни институции за да се идентификуваат заедничките приоритети, да заедно се креираат и да се заедно инвестира во активности кои ги зајакнуваат системите на национално ниво со цел да се намалат институционалните можности за корупција. Програмата ја поддржува владата и другите антикорупциски субјекти да преземат активности за справување со корупцијата кога таа ќе се појави.
Програмата работи во рамноправно партнерство со владата и независните државни ентитети за откривање, ублажување и спречување на корупцијата од сите форми и бара одговорност од државните актери. Програмата ангажира независни државни субјекти да го подобрат функционирањето на владата, соработката и координацијата; зголемување на транспарентноста на начини кои ги намалуваат можностите за корупција; и поддршка на механизмите за одговорност во работењето на владата и независните државни механизми за одговорност.
Програмата создава можности со диверзификација на антикорупциските партнерства и истражување на употребата на иновативни пристапи, алатки и технологии.
Период 01.10.2023 - 01.09.2028
Донатор: Агенцијата на САД за меѓународен развој
Краен корисник на проектот: - Владини институции;
- Независни државни агенции со мандат да се спречи корупцијата
Главна цел:
Да се зајакнат националните системи за да се намалат институционалните можности за корупција и за владата и другите независни актери да преземат активности за справување со корупцијата кога таа ќе се појави.
Очекувани резултати:
• Воспоставени се ефективни системи за да се осигура дека вработените во јавниот сектор се придржуваат до стандардите за етика и интегритет;
• Развиени се силни, меѓусебно поврзани и добро функционални системи за борба против корупцијата со навремена реакција;
• Зајакнати се владините процеси, процедури и способности за намалување на ризикот од корупција;
• Се подобрува отчетноста на клучните институции кои се борат против корупцијата;
• Подобрена е ефикасноста на испораката на услугите, стандардизацијата на услугите и пристапноста до владините услуги;
• Зголемени се транспарентноста и ефикасноста на јавниот сектор.
Проектот е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој. Проектот е имплементиран од Management System International (MSI), во соработка со: Центар за управување со промени Скопје и Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје