Програма за зајакнување на капацитетите на службениците и службеничките од јавниот сектор за принципот на еднаквост | ЦУП
Сподели

Програма за зајакнување на капацитетите на службениците и службеничките од јавниот сектор за принципот на еднаквост

Програмата за зајакнување на капацитетите на службениците и службеничките од јавниот сектор се подржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“. Програмата се креира со цел на градење капацитети за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор за 200 претставници од државната администрација, со соодветна застапеност на жени и мажи и на заедниците.

Програмата за градење на капацитети на администрацијата ја поддржува работата на Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика за градење на култура и капацитети на администрацијата за промовирање на принципите на еднаквост, недискриминација и прифаќање на различностите во јавниот сектор и пошироко во општеството. Програмата е финансиски поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а развиена и спроведена од Центарот за управување со промени. Програмата се стреми кон подигање на свест и градење на капацитети на вработените во јавниот сектор за справување со дискриминацијата и постигнување на повисоко ниво на еднаквост.

Период 15.05.2022 - 15.11.2022

Донатор: ОБСЕ

Краен корисник на проектот: Јавните службеници

Главна цел:

Зајакнување на капацитите на јавниот сектор и јавните службеници во областа на недискриминација и човекови права.

Очекувани резултати:

Организирање на обуки за над 200 вработени лица во јавниот сектор во областа на недискриминација и човекови права



Галерија на проектот

Обука за принципот на еднаквост и недискриминација за вработените во јавниот сектор

Обука за обучувачи за вработените во јавниот сектор на тема „Принцип на еднаквост и недискриминација“

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk