Проекти
Поддршка во развојот на Парламентарниот институт
Од 2010, NDI, со финансиска поддршка швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), го поддржа оснивањето и развојот на Парламентарниот институт (ПИ) како независен извор на Собранието во истражување и анализа на законодавството - иницијатива која гарантира понатамошен развој на модерното законодавство добро опремено да ја одигра својата улога за континуирана демократизација и евроатланска интеграција на Р. Македонија.
Во рамките на проектот "Поддршка во оснивањето и развојот на Парламентарниот институт", Центарот за управување со промени беше ангажиран од страна на NDI да спроведе обука и совети на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. Оваа поддршка ќе придонесе во насока на градење на институционалните капацитети на Парламентарниот институт во извршувањето на својата улога како непристрасна и професионална служба за истражување и информирање на Народното собрание.
Период 01.03.2015 - 31.12.2017
Донатор: NDI преку швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)
Краен корисник на проектот: Парламентарен институт на Собранието на Република Македонија
Главна цел:
Поддршка на парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија
Очекувани резултати:
- Развој на напреден менаџмент и комуникациски вештини
- Развој и одржување на професионални односи со пратеници и високи именувани функционери
- Спроведување на анализа на постојните организациски предизвици и развој на извршни планови за подобрување
- Обука и совети за проценка на ризикот, планирање за ублажување на ризикот, имплементација и мониторинг на напредокот (одржливост во решавање проблеми)
- Развој на финансиски и човечки ресурси менаџмент вештини
Проектот е подржан од NDI - National Democratic Institute



