Поддршка на реформи за управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија | ЦУП
Сподели

Поддршка на реформи за управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија

Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.

Период 15.09.2021 - 31.03.2022

Донатор: Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Министерство за одбрана

Главна цел:

Подобрено управување во Министерството за одбрана преку воспоставување систем за планирање, следење и рано предупредување во врска со процесите за јавни набавки (JН) управувани од Министерството за одбрана.

Очекувани резултати:

1.1. Единствен систем дизајниран за координација и следење на процесите за јавни набавки (ЈН) и алатка за е-управување
1.2. Алатка за координација и мониторинг за рано предупредување која има за цел да ја подобри ефикасноста на планирањето на набавките
1.3. Подобрени процедури за управување со процесите за јавни набавки и стандардизација на спецификациите (исто така со стандардите на НАТО)
1.4. Поддршка за персоналот за користење на изменетите процедури и алатка



Галерија на проектот

Прес-конференција за претставување на системот за управување со јавните набавки

Обука за главните корисници на системот на системот за управување со јавните набавки во Министерството за одбрана Обука за главните корисници на системот на системот за управување со јавните набавки во Министерството за одбрана

Презентација на системот за управување со јавните набавки во Министерството за одбрана

ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА“

Работилница за проблемите во процесите на спроведување на јавни набавки во Министертсвото за одбрана

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk