Градење на административни капацитети за ЕУ интеграција

Проектот опфаќа поддршка на Секретаријатот за европски прашања во градење административни капацитети за интеграција во Европската Унија

Период 01.04.2009 - 31.03.2011

Донатор: Британска амбасада преку СПФРЕ (Стратешки програмски фонд – Повторно обединување на Европа)

Краен корисник на проектот: Секретаријат за европски прашања

Главна цел:

Градење административни капацитети за ЕУ интеграции

Очекувани резултати:

Проектот обезбеди техничка и советодавна поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во администрирањето на процесот на европска интеграција и ја поддржа Владата во обезбедувањето на планиран, координиран и професионален административен одговор на барањата на ЕУ, преку различни но составни компоненти на проектот, како:

Подобрување на законодавството и процедурите 

  • Воспоставена целосно функционална структура за проценка на влијанието на регулативата во Владата и во министерствата и зајакнати капацитети. Секоја нова легислатива проаѓа низ ПВР процес. Воведување на Методологија и прирачник за проценка од потенцијалните влијанија од новите регулативи (ПВР) или Regulatory Impact Assessment (RIА); имплементација на два ПВР конкретни проекти – пилот ПВР за два закони: Закон за отпад од пакување и Закон за взаемно признавање на професионални квалификации. Поддршка и надградба на капацитетите на ПВР контакт точките и работните групи во министерствата.
  • Спроведена ПВР анализа на Национално законодавство за хармонизација со Директивата 2005/36 / ЕЗ, за заемно признавање на професионалните квалификации..

Подготовка за процесот на преговори со ЕУ

  • Подобрени капацитети на НПАА работните групи и идните преговарачки тимови за ЕУ за процесот на преговори преку размена на добри практики, обуки и работилници со лидерите и членовите на тимовите за преговори од ЕУ државите. Подобрени административни капацитети во три поглавја; воспоставена оперативна ИТ мрежа за да го поддржи НПАА процесот за планирање, нивото на имплементација и механизмите за мониторинг; како и хармонизација на ЕУ Директиви во конкретни поглавја од Acquis.

Подобрен системот за управување со човечки ресурси и управувањето со промени во државна администрација 

  • Воведување на Стандарди за управување со човечки ресурси како и нивното практикување во одделенијата за човечки ресурси во министерствата, креиран прирачник и процедури базирани на „европски добри практики“ со цел да допринесат за воведување на merit-based системот во јавната администрација во следниве области: 1. Менторство и воведна обука, 2. Управување со отсуство од работа, 3. Делегирање, 4. Комуникација, 5. Вработување и селекција, 6. Балансирана картичка на успех, 7.Проценка за потреба од обуки, 8.Оценување и дисциплинарна процедура, 9.Излезно интервју.

Реформа на јавна администрација во насока на пристапниот процес кон ЕУ

  • Воведување на стандарди за управување со квалитет во Секретаријат за европски прашања, Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, ISO: 9001, за систем за квалитет и управување со процедури и ISO: 14001, стандард за заштита животната средина; Подобрување на правилата и процедурите преку кои се управува развојот на политики и процесот на стратешко планирање во државната администрација, при што се овозможува поголема кохезија помеѓу процесот на стратешко планирање во Владините институции и приоритетите за присоединување кон ЕУ дефинирани во НПАА со процесот на буџетирање. 

Комуницирање за Европа

  • Воспоставување на функционален систем за ЕУ комуникација за креаторите на политики и на јавно мислење, способен да пренесе ЕУ пораки.

Проектот е поддржан од Британската амбасада



business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk