Градење административни капацитети за ЕУ интеграции

Проектот опфаќа поддршка на Секретаријатот за европски прашања во градење административни капацитети за интеграција во Европската Унија.

Период 01.04.2007 - 31.03.2009

Донатор: Британска амбасада преку СПФРЕ (Стратешки програмски фонд – Повторно обединување на Европа)

Краен корисник на проектот: Секретаријат за европски прашања

Главна цел:

Општата цел на овој проект е сопственост и учество на државните институции во програмирање (дефинирање на приоритетите, изработка на Програмата и на проектните документи) и спроведување на националните годишни програми кои ќе го олеснат процесот на интеграција во ЕУ. Секоја од петте предложени компоненти придонесува кон општата цел на проектот.

Очекувани резултати:

Реформа на јавна администрација во насока на пристапниот процес кон ЕУ

  • Развиена Методологија за стратешко планирање со која се воспоставува силна врска помеѓу стратешко планирање, планирање на буџетот и Националната Програма за усвојување на acquis communautaire НПАА;

  • Воспоставени структури и процедури за развој на годишна Програма за работа на Владата осигурувајќи го приклучувањето на НПАА и набљудување на процедурите за имплементација;

  • Развиен нов Деловник за работа кој ќе овозможи да оценката на влијанието и анализата на политиките и процедурите се рефлектира преку системот на е-влада;

  • Развиени организациски структури, човечки ресурси и вештини потребни за подобрување на процесот за планирање и водење политика;

  • Обучени државни службеници за стратешко планирање во централните координативни тела и во министерствата;

  • Обучени државни службеници во Генералниот секретаријат да делуваат како проверка на точка на квалитет на политики и предлози доставени до Владата.

Градење капацитети за имплементација на национална стратегија за комуникација за ЕУ интеграција

  • Постојана и професионална служба за информации во сите министерства со можност реално и навремено да ја пренесат пораката за процесот на интеграција во ЕУ;

  • Подобрена дисеминација на информации поврзани со ЕУ помеѓу државните службеници и кај пошироката јавност;

  • Зголемено вклучување и ангажирање на носителите на одлуки и влијателнитен кои се клучни за процесот на интеграција во ЕУ.

Градење капацитети за ЕУ интеграција

  • Основана структура за Проценка за потребите од обуки (ППО) и систем во врска со административни барања за интеграцијата во ЕУ;

  • Воведување на стандарди и обезбедување на квалитет за обука;

  • Воспоставена Методологија за обука, врз основа на принципите на координација, комплементарност и  знаење;

  • Воспоставен систем за набљудување на имплементацијата на мерките за градење на институциите.

  • Подобрување на капацитетот на НПАА работните групи за анализа  на ЕУ aquis барањата, да ги поврзат и исполнат приоритетите на НПАА.

  • Подобрување на капацитетот на НПАА групите преку предвидени обуки.

Поддршка на владините структури за ИПА

  • Избрани претставници на владини институции обучени за управување и фасилитација во пристапот до ЕУ ИПА финансирање.

  • Националните структури во можност да го пилотираат моделот за Децентрализирано управување со ЕУ ИПА фондовите.

  • Обучен тим на локални експерти од јавната администрација, кои можат да обезбедат помош во програмирање, подготовка на проекти и имплементација во јавната администрација, општините и други потенцијални корисници.

Одржување на ИТ мрежа за поддршка на целокупниот процес за планирање на НПАА, координација и мониторинг

  • Развиена НПАА систем на база на податоци и интерфејси за поддршка, следење и  интегрирање на различни процеси и различни структури: ЕУ acquis, националното законодавство, административна инфраструктура, потреба од институционални капацитети, буџетските потреби и потреби за странска помош;

  • Развиен НПАА портал како заедничка работна страница за информации од напредокот на НПАА;

  • Развиена НПАА алатка за следење со цел користење на критични информации за носителите на одлуки;

  • Обучени НПАА работни групи за користење на НПАА системите, структурираните шаблони и НПАА порталот;

  • Обучена ИКТ работната група за ИКТ Прирачникот, со фокус на НПАА соодветни вештини.

Проектот е поддржан од Британската амбасада



business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk