Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување

Проектот се фокусира на поставување на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоурпава, прилагодувајќи ги Начелата на јавната администрација, поставени како одредници од СИГМА. Стандардите за добро управување се користат од локални граѓански организации за следење на работата на локалните самоуправи, изработка на истражувања, отворање дијалог за презентирање на наодите од истражувањата и предлагање препораки за подобрување на работата на општините. 

Период 01.01.2017 - 31.12.2018

Донатор: Делегација на ЕУ преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”

Краен корисник на проектот: Граѓански организации и единици на локална самоуправа

Главна цел:

Поставување на функционална мрежа на граѓански организации во неколку региони во Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.

Очекувани резултати:

  • Р.1. Добро поставени и усогласени СИГМА принципи на јавната администрација и индикаторите за мерење за добро управување (на локално ниво).
  • Р.2. Локалните ГО се компетентни во областа за добро управување и примена на СИГМА принципите за јавна администрација на национално и на локално ниво, способни да учествуваат во дијалогот за креирање политики како и во мониторирање на истите.
  • Р.3. Мониторинг извештаи за имплементација на утврдените СИГМА принципи на јавна администрација, изготвени врз основа на темелно истражување политики, базирано на докази.
  • Р.4. Граѓанските организации се оспособени да комуницираат, да соработуваат и да застапуваат/влијаат на оние кои што носат одлуки за да полесно ги идентификуваат грешките при воведувањето на моделот за добро управување од страна на Локалните самоуправи, залагајќи се за транспарентнa, одговорна и сервисно ориентирана јавна администрација.

Проектот е финансиран од Европската Унија.



Публикации од проектот

Галерија на проектот

Конференција за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа

Јавни дебати за стандарди за добро управување во општините

Регионални менторски работилници за стандардите за добро управување во единиците на локалната самоуправа

Регионални обуки за добро управување и комуникации

Потпишување на грантови со ре-грантисти

Видео

Задолженост на општините

Документарниот филм го претставува истражувањето на задолженоста на општините и воопшто на упрвување со општинските финансии.

Каква е веб-транспарентноста на општините?

Прилог на телевизија Алсат во емисијата „360 степени“ за веб-транспарентноста на општините врз основа на резултатите од барометарот на веб-транспарентност, изработени во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од Европската Унија.

Пристапност на општините за лицата со инвалидност

Не е само физичката пристапност е пречка за остварување на правата на хендикепираните лица. Треба многу повеќе да се работи на физичката пристапност на лица со попреченост во зградите на општините и во зградите на сите државни институции, но она што не треба да се занемари е се поголемиот замав на дигиталните технологии и унапредување на т.н електронска или веб пристапност за лица со попреченост.

Услуги од локалната администрација

Документарниот филм се темели на истражувањето за тоа како се обезбедуваат услуги од страна на локалните самоуправи, вклучувајќи дали се нудат едношалтерски услуги, колку граѓаните се задоволни од шалтерските службеници, колку се објавуваат информации за услугите и сл.

Што објавуваат општините на своите веб-страници?

Ивана Ќуркчиева од Центарот за управување со промени презентира колку општините практикуваат транспарентност преку нивните веб-страници.

Управување со човечки ресурси во општините и јавните претпријатија основани од општините

Документарниот филм е продуциран во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од Европската Унија и прикажува истражување за како општините и јавните претпријатија основани од општините управуваат со човечките ресурси: колку се вработувало, колку се давани награди, колку се споредливи општините по бројот на вработени итн.

360˚ Истражување: Kолку се функционални телефоните на институциите, наменети за контакт со граѓаните

360º на ТВ Алсат - М истражува дали телефонските броеви за контакт со граѓаните оставени на веб страните на министерствата, општините и јавните претпријатија навистина функционираат. 

За нивото на транспрентност на општините зборува Искра Белчева Ристовска од Центар за управување со промени.

Презентирани резултатите од најновиот барометар за веб транспарентност на општините

На јавната дебата во општина Штип беа презентирани резултатите од степенот на исполнување на стандардите за е-транспарентност од страна на оптшините. Општина Штип е најтранспарентна веб општина.

Ефекти од едношалтерскиот систем

Прилог во телевизиски вести кој произлегува од истражувањето на Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, кое се однесува на квалитетот на услугите кои ги нудат општините.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk