Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги

Главната цел на проектот е да се развие концептот на испорака на јавните услуги според потребите и барањата на граѓаните, а не според размислувањата на институциите кои ги испорачуваат услугите. Активностите на проектот пред се се однесуваат на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за заштита на интересите на граѓаните и нивните основни права преку што придонесуваат за јакнење на еден од главните столбови на современите демократски општества – отчетна, транспарентна, отворена, инклузивна и ефективна јавна администрација со висококвалитетни услуги за граѓаните. Оттука, проектот има отворен карактер и предвидува повеќе граѓански организации да соработуваат со ресорните јавни институции за да определат мерки за подобрување на испораката на јавните услуги, со намалени трошоци и административни обврски за граѓаните, но и за идентификување на основните услуги кои примарно треба да се унапредат и обезбедуваат електронски.

Период 01.12.2017 - 31.05.2019

Донатор: Европска Унија и Британска амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Граѓани, граѓански организации, институции на јавната администрација.

Главна цел:

Јакнење на учеството на граѓанските организации во реформата на јавната администрација, како приоритетна реформа за членство во ЕУ. Проектот се стреми да придонесе кон воспоставување на цврста мрежа за дијалог и подобрување на јавните услуги, кое е нераскинлив дел од доброто управување и приоритет во реформата на јавната администрација.

Очекувани резултати:

  • Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за активно учество во креирање, следење и евалуација на политиката за испорака на јавни услуги.
  • Консултации и консензус меѓу сите засегнати страни за ефикасно и одржливо подобрување на испораката на јавните услуги, при што се обезбедува и еднаков пристап до услуги и се развиваа е-услугите.

 

 

Проектот е финансиран од Европската Унија и Британската амбасада Скопје



Галерија на проектот

Јавна дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“

Работилница на тема „Кон подостапни и поквалитетни јавни услуги на општинско ниво“

Состанок на проектниот тим со правните асистенти и правните експерти

Работилница за „Подобрување на информираноста и вклученоста на граѓаните во испораката на јавните услуги со иновативни е-алатки“

Работен состанок за пополнување на каталогот на јавни услуги

Работен состанок на внесувачи во Каталогот на јавни услуги и верификатори од Министерство за финансии и Управа за јавни приходи

Работилница на тема „Активни граѓани за подобри јавни услуги“

Мрежа на граѓански организации за подобрување на јавните услуги

Видео

Отворена комуникација меѓу институциите и граѓаните за подобри јавни услуги!

Земјите од ЕУ голем процент од јавните услуги им ги овозможуваат на граѓаните онлајн. Естонија е лидер со 99% од јавните услуги достапни онлајн. Да ги подобриме јавните услуги според Европски стандарди.

За прв пат во земјата е изработен Каталог кој ги попишува сите услуги од институциите во јавниот сектор и овозможува целосни, јасни и недвосмислени информации за добивање на услугите.

Приклучете ја вашата граѓанска организација во МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ за заеднички да работиме на подобрување на јавните услуги, како и заедничко спроведување мерки од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 во делот посветен на испорака на јавни услуги.

Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги

Колку пати ја контактирате институцијата за да добиете јавна услуга?

Што е потребно за да добиете јавна услуга?

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk