Институционален грант од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.

Период 01.07.2019 - 30.06.2020

Донатор: Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка

Краен корисник на проектот: Центар за управување со промени

Главна цел:

Цел на проектот е институционален развој и организациско јакнење на Центарот за управување со промени.

Очекувани резултати:

Област 1 - Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество

Со почеток на преговорите за пристап кон ЕУ, владиниот Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор значително ќе ја зголеми динамиката на работа, во која ЦУП ќе земе активно учество, директно или индиректно, и на тој начин ќе промовира и ќе придонесе кон конструктивен дијалог и засилено влијание на граѓанските организации врз креаторите на политиките и носителите на одлуки.

Област 2 - Граѓански ангажман

Еден од клучните аспекти на институционалниот грант е засилување и трасирање на следниот среднорочен и долгорочен план на ЦУП преку изработка на Стратешки план за периодот од 2020-2025 година и подетална Програма за работа, кои ќе се вклопат во пошироката реформска агенда во земјата. Согласно експертизата, ЦУП посебно ќе се фокусира на реформите во јавната администрација и добро управување на евро-интегративните процеси, како и јакнење на довербата на граѓаните во евро-интегративниот процес. Во рамки на овие стратешки документи за ЦУП, се предвидува и јакнење на капацитетите на организацијата и вработените преку истражувања и учество на повеќе конференции, нова организациска шема и описи на работни места, процедури за следење на перформансите на вработените и фидбек, но и можни начини за придонес кон одржливост на организацијата.

Област 3 - Соработка

Ќе се воспостави и промовира и една неформална тематска мрежа составена од 8 - 10 граѓански организации за следење на реформите во одбраните области/ поглавја. Преку проектот ЦУП ќе организира соработка со ГО во делот на анализа на состојбите на терен и отворање на дијалог за подобрени решенија и добро владеење, кои ќе резултираат со:

  • Издвоени индикатори за следење на состојбите на локално ниво во избраните поглавја;
  • Изготвени локални извештаи согласно дефинираните приоритети и индикатори;
  • Следење и изработка на извештаи од следењето во регионите и
  • Изработка на обединет извештај.

Област 4 - Граѓанско учество

Стратешки приоритет на ЦУП е да изгради сопствени капацитети во креирање политики во областите:

  • Иновации, информатичко општество и социјална политика која го покрива поглавјата: информатичко општество и медиуми (поглавје 10); социјална политика (поглавје 19); наука и истражување (поглавје 25); образование и култура (поглавје 26);
  • Институции (поглавје 34) и
  • Политички критериуми и јавна администрација - градење стандарди за добра пракса во областа на јавната администрација и примена на сите принципи за транспарентна, отчетна и ефикасна администрација.

Како резултат ќе бидат подготвени 4 документи за политики со препораки во определените области од acquis communautaire.

Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk