Нашиот тим

Гордана Стефковска Вељановска

Проектен менаџер

Поголемиот дел од нејзиното искуство е поврзано со креирање политики и лобирање за нови предлог мерки за создавање на поволна бизнис средина, подобрување на програмите за социјална заштита, одржлив рурален развој, како и засилен економски раст за микро и малите претпријатија. Дел од искуството, е поврзан исто така со развојот на претприемништвото за жени и млади, како и намалување на сиромаштијата и програмите за развој на инклузивни бизниси во заедницата.

Г- Вељановска е умешна во сите фази на управување со проекти - планирање и спроведување на проекти, мерење резултати од проектите, мониторинг и евалуација на импактот и следење на перформансите на вработените. Таа исто така поседува различни техники за решавање на проблеми, преговарање и олеснување на организациски прашања како што се стратешко планирање, организациски проценки, изработка на бизнис планови, градење на тимови и тимска ефикасност, планирање, оценка и развој на кариерата.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk