Оглас за ангажирање на Проектен асистент
schedule Дата: 07.02.2018 година
ОГЛАС за ангажирање на Проектен асистент
Основни информации:
Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажирање на еден проектен асистент со познавање на процесот на процесот на функционирање на јавната администрација и реформите на јавната администрација како приоритетен процес поврзан со интеграцијата во ЕУ.
- За позиција Проектен асистент
Клучни работни обврски на проектниот асистент :
- Работа на европски проекти со познавање на проектниот циклус;
- Архивско работење и водење грижа за целокупната проектна документација;
- Обезбедува логистичка – техничка поддршка на извршната канцеларија и проектниот тим особено при организирање на настани и обуки;
- Подготовка на проектни материјали како и преводи на англиски јазик;
- Комуникација со сите релевантни институции со кои здружението соработува како и со проектни партнери и соработници
- Планира, следи, спроведува, координира и извршува задачи во врска со обезбедување на соодветна опрема, инвентар, пошта и телекомуникации со цел завршување на работните обврски поврзани со спроведување на проектите на организацијата;
- Се грижи за логистика на проектот;
- Врши други работи поврзани со членството на организацијата (ажурирање на база на членство) и обезбедување на бенефиции за членовите;
- Соработува со остатокот од тимот во насока на успешно спроведување на проектот.
Квалификации и работно искуство
- Работно искуство во период од 3 години на исто или слично работно место;
- Познавање на административното и канцелариското работење на здружението;
- Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
- Одлично познавање на англиски јазик, (устен и пишан);
- Силни административни и организациски вештини како и флексибилен пристап во работењето;
- Изразени меки вештини (комуникација, работа во тим, одговорност).
Доколку сте заинтересирани ве молиме вашето CV во европски формат на англиски или македонски јазик заедно со Уверението за завршено образование, да ги доставите во електронска верзија најдоцна до 20.02.2018 година на е-маил адреса vesna.gligorova@cup.org.mk со назнака за која позиција аплицирате.
Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.