Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми. Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.
Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а најдоцна до декември 2020 година.
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Набавката е неделива.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи: Листа со референци на претходни слични ангажмани за изработка на динамични инфографици или видеа (со име на проект или организација); Претходно изработено видео слично на барањата во овој повик (може да доставите само линкови); Предлог едно идејно решение, односно кусо сценарио/ стори борд за видео во врска со темата на проектот (http://www.cup.org.mk/projectspage.php?id=33 );