ПОВИК 06/2020 за набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми | ЦУП
Сподели

ПОВИК 06/2020 за набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми

schedule Дата: 16.04.2020 година

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми. Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.

Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а најдоцна до декември 2020 година.
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Набавката е неделива.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:  Листа со референци на претходни слични ангажмани за изработка на динамични инфографици или видеа (со име на проект или организација);  Претходно изработено видео слично на барањата во овој повик (може да доставите само линкови);  Предлог едно идејно решение, односно кусо сценарио/ стори борд за видео во врска со темата на проектот (http://www.cup.org.mk/projectspage.php?id=33 ); 


file_copy Документација за повикот


ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk