Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за планирање и спроведување анкети за утврдување на јавно мислење.
Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.
Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а во периодот од јуни до јули 2020 година.
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Набавката е неделива.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
Понудите треба да се доставуваат во електронска форма на мејлот iskra.belcheva@cup.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е до 29 мај 2020 година до 14 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ЦУП info@cup.org.mk и на iskra.belcheva@cup.org.mk најдоцна до 21 мај 2020 година.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.