Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓанинот на прво место“ има потреба од ангажирање на обучувачи за подобрување на капацитетите на граѓанските организации за отворено владино партнерство и отворени податоци. На повикот се повикани да се пријават консултантски куќи кои исполнуваат специфични критериуми, потребни за реализација на барањата од набавката за услуги
Подетален опис на бараните услуги и условите за аплицирање се наоѓа во повикот и ТоР за предметот на набавка.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е до 23.11.2016 година до 12:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk, најдоцна до 22.11.2016 година.