Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија, има потреба од ангажирање на експерти за основна проценка на постоечките стандарди и практики при креирање на јавни политики на локално ниво.
Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk, или хартиено во архивата на Центарот за управување со промени, на адреса ул. Рајко Жинзифов бр.44/1 Скопје.
Краен рок на доставување на понудите е до 17.02.2017 година до 16:00 часот.