Покана за доставување понуди за ангажирање на правни експерти за подготовка на прирачник за слободата на изразување | ЦУП
Сподели

Покана за доставување понуди за ангажирање на правни експерти за подготовка на прирачник за слободата на изразување

schedule Дата: 01.03.2016 година

За потребите на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“(финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени (ЦУП) бр. IPA/2015/370-719 од 22.12.2015 година (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа: Покана за доставување на понуди бр.02/2016 за ангажирање на правни експерти за подготовка на прирачник за слободата на изразување. Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 02/2016.

Описот на надлежности и деталниот повик можат да се пристапат од следниве документи:

1. ЗА АНАГАЖИРАЊЕ НА - Правни експерти за подготовка на прирачник за слободата на изразување

2. Проектна задача ТоР.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса maja.stojanoska@ihr.org.mk најдоцна до 08.03.2016 година до 16.00 часот.

Краен рок на доставување на понудите е до 11.03.2016 година најдоцна до 16.00 часот по електронски пат, на e-mail на Маја Стојаноска:maja.stojanoska@ihr.org.mk - проектен координатор.


file_copy Документација за повикот


ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk