Повици
За набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на материјали
schedule Дата: 14.07.2020 година
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење.
Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.
Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а најдоцна до декември 2020 година.
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Набавката е неделива.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Листа со референци на претходни слични ангажмани (со име на проект, организација, линкови до интернет страници...),
- Претходно изработено идејно решение и дизајн за корица на публикација,
- Предлог по 1 (едно) идејно решенија/ дизајн за папка (само за папка од комплетот наведен во ставка бр. 6) и публикација (предлог решенијата за публикација да бидат за ставка бр. 4- Документ за политики за подобрување на образовните јавни услуги),
- Финансиска понуда
-
Понудите се доставуваат во писмена форма. Понудите се доставуваат во еден затворен плик , на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и бројот на повикот 10/2020 на кој се однесува понудата. Во средината на пликот треба да биде назначена точната адреса и програмата: „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието”, Центар за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов 44/1, Скопје. Пликот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот/ понудувачот. Потребно е во понудата да биде издвоена финансиската понуда во посебен плик (посебен плик внатре во пликот кој се доставува) и да биде означена.
Доставувањето на понудите се врши по пошта или директно во канцелариите на ЦУП.
Краен рок на доставување на понудите е до 27 јули 2020 година до 12 часот.


