Повици
Оглас за финансиски менаџер
schedule Дата: 12.01.2017 година
Центарот за управување со промени (ЦУП) објавува оглас за ангажирање на финансиски менаџер во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ во времетраење од 2 години.
Огласот за ангажирање е дел од политиката на градење на капацитетите на организацијата и отвореност кон заедницата. ЦУП бара етични, мотивирани и креативни личности кои ќе се придружат на нејзиниот тим, кој верува во демократија и отворени идеи и ги базира своите проекти на методот: планирај, реализирај, провери и делувај.
Како дел од проектниот тим, финансискиот менаџер ќе биде одговорен за:
- целосно управување со финансиите на проектот,
- водење на регистер на трошоци на секојдневна основа,
- следење на реализацијата на проекниот буџет според утврдената динамика,
- вршење на уплати и исплати (финансиски трансакции) во рамките на проектниот буџет,
- изработка на финансиски извештаи на тримесечна основа,
- подготовка на финансиски реалокации и модификации во координација со проектниот менaџер, и
- слични задачи потребни за успешна реализација на проектот.
Потребни квалификации:
- завршено високо образование од областа на економијата, (магистерски студии ќе се сметаат за предност)
- минимум три години работно искуство поврзано со управување со буџети и финансии,
- познавање на финансиските процедури на ЕУ проекти,
- минимум 2 години работно искуство како финансиски менаџер/асистент на ЕУ проекти,
- одлично познавање на англискиот јазик.
Заинтересираните кандидати да ја достават својата кратка биографија (CV во ЕУ формат) исклучиво по електронска пошта на следната адреса: vesna.bochvarska@cup.org.mk
Крајниот рок за аплицирање е 20.01.2017 година. Апликациите пристигнати по крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на разговор.


