Во јавноста засилено се зборува за изборот на Народниот правобранител, но треба јасно да се одговори на прашањата- Што точно претставува оваа институција и зошто е важен изборот на Народниот правобранител?
Народниот правобранител е самостоен државен орган, предвиден во Уставот на Република Северна Македонија[1], кој ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации кои имаат јавни овластувања. Покрај парламентарната и судската контрола, народниот правобранител е уште еден контролен механизам на јавната администрација, односно на извршната власт, како дел од т.н. „четврта гранка на власт“. Народниот правобранител не е судско тело и не може да ја замени улогата на судовите, но во однос на нив има комплементарна улога и сепак претставува значајна институција кога станува збор за контролата врз работата на извршната власт.
Народниот правобранител во Република Северна Македонија има значајни овластувања за заштита на слободите и правата. Согласно Законот за народниот правобранител[2], тој го штити правото на еднаквост и другите процесни права пред јавната администрација, а особен фокус има во однос на лицата кои се жртви на тортура, мачење и понижувачко постапување или казнување пред полицијата и затворите. При заштита на овие и други права, Народниот правобранител може да врши посети, односно, надзор и контрола во институциите, да издава предупредувања, да врши интервјуа со претставници на институциите и граѓаните, да дава правна помош на граѓаните и да предлага измена и дополнувања на закони и подзаконски акти.
ЦУП во 2024 година го објави истражувањето „Народниот правобранител во заштита на правото на добра администрација“[3] и беа утврдени предизвиците во работењето на оваа институција. Истражувањето нагласува дека Народниот правобранител треба да го заземе своето место во системот како заштитник на уставните слободии права и принципите на добото управување.
Бидејќи Народниот правобранител не донесува обврзувачки одлуки и не изрекува санкции, наведените овластувања може да изгледаат како „меки“ и не доволно ефикасни за да се постигне целта на институцијата. Но, доколку Народниот правобранител е високо-стручно лице, со висок интегритет и без никаква поврзаност со политичките партии, тој ќе може оптимално да ги искористи овластувањата, да го извлече нивниот максимум и да се позиционира како исклучително силна институција која ќе претставува вистински заштитник на слободите и правата како и на принципите на добро управување.
Законот за Народниот правобранител, за жал, пропишува многу ниски критериуми за избор на ваква важна јавна функција. Според овој закон, Собранието го избира народниот правобранител со двојно мнозинство гласови, доколку ги исполнува следните критериуми:
Вака утврдените критериуми не гарантираат избор на најстручниот и најквалификуван кандидат. Од овие причини, ЦУП смета дека потребно е изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител токму во делот на критериумите за избор на оваа јавна функција. Поточно, потребно е да се предвидат и следните критериуми:
За изборот на високи јавни функции, како што е Народниот правобранител, потребно е да се воспостави редовен парламентарен механизам за т.н. „јавно сослушување“ на кандидатите, каде пратениците и претставници на стручната јавност (тинк-тенк организации, академската фела и сл.) ќе поставуваат прашања на кандидатите од кои ќе може да се стекне впечаток за стручноста и интегритетот на кандидатите. Дополнително, доколку ваквите „јавни сослушувања“ бидат пренесувани на каналите за масовна комуникација и јавноста добие можност да има увид во постапката, јавноста ќе може да направи и дополнителен притисок врз собранието да го избере вистинскиот кандидат.
Предлог одлуката за избор на Народен правобранител[4], која Комисијата за избори и именувања ја има доставено до Претседателот на Собранието ја донесе на 31.07.2025 година, не е воопшто образложена. Поточно, во образложението се наведува дека на Огласот за избор на Народен правобранител се пријавија вкупно 17 кандидати[5] и дека „Од кандидатите кои ги исполнуваат условите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди и му предлага на Собранието да ја донесе Предлог - одлуката за избор на Народен правобранител со која за Народен правобранител се предлага Фатон Сељами од Тетово, дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит“. Притоа, во образложението не се наведува зошто токму овој кандидат е најдобар од останатите 16 пријавени кандидати. Може да заклучиме дека одлуката за избор на Народен правобранител е донесена во нетранспарентна постапка.
Дополнително, изборот на Народниот правобранител со двојно мнозинство во Собранието отвора широк простор за политички притисок при изборот. Поточно, иако двојното мнозинство е теоретски предвидено како механизам за застапување на малцинските интереси во донесување на важни одлуки за државата, во пракса, овој механизам често се злоупотребува заради партиско-политички цели и не ја остварува неговата примарна цел.
Ова се само неколку клучни забелешки на ЦУП во врска со изборот на Народниот правобранител, но и изборот на сите високи јавни функции воопшто. Во секој случај, потребна е континуирана и широка стручна дискусија за да се изнајдат темелни и системски решенија за вакви важни прашања.
[1] Устав на Република Северна Македонија https://www.sobranie.mk/content/Odluki%20USTAV/UstavSRSM.pdf
[2] Закон за Народниот правобранител https://ombudsman.mk/CMS/Upload/NarodenPravobranitel/upload/Interni%20akti/Zakon%20na%20NP/Preisten%20tekst%20na%20Zakon%20za%20NP-29.03.2018.pdf
[3] Н. Шикова, „Народниот правобранител во заштита на правото на добра администрација“, Центар за управување со промени, Скопје 2024 година, електронски достапно: https://cup.org.mk/publication/the-role-of-the-ombudsman-in-protection-of-the-right-to-good-administration
[4] Одлука на Собранието на Република Северна Македонија за избор на Народен правобранител, https://www.sobranie.mk/preview?id=1bbb9875-0f13-4488-ad2e-c16308e095b3&url=https://sp.sobranie.mk/sites/2023/materials/638890885662804588/Documents/638895656714311126.pdf&method=GetDocumentContent
[5] Материјали од 30 седница на Комисијата за избори и именувања при Собранието на Република Северна Македонија од 31.07.2025 година https://www.sobranie.mk/detali-na-komisiska-sednica.nspx?sittingId=49b3acba-f174-4022-ac7a-5d2055f9c4c8
Дата: 24.06.2025
Дата: 29.05.2025