Обука за пратеници и собраниска служба на тема „Планот за раст на ЕУ и Реформската агенда во процесот на преговори за членство во ЕУ“ | ЦУП
Сподели
Настан

Обука за пратеници и собраниска служба на тема „Планот за раст на ЕУ и Реформската агенда во процесот на преговори за членство во ЕУ“

Дата: 20.07.2026

Тимот на ЦУП на 20-21 јули, организираше дводневна обука на тема „Планот за раст на ЕУ и Реформската агенда во процесот на преговори за членство во ЕУ - проекција за идните чекори“, наменета за пратениците и службениците во Собрание на Република Северна Македонија .

Настанот имаше за цел да придонесе кон зајакнување на контролната и надзорната улога на Собранието во процесот на следење и исполнување поставените цели во Реформската агенда, како дел од Планот за раст на ЕУ за државите од Западен Балкан.

Присутните пратеници и службеници се вклучија во конструктивна дискусија за евро-интегративните процеси на државата и потребата од поактивен собраниски надзор и вклученост во целокупниот процес.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „ PAVE: Parliament’s Voice for Europe“, кој ЦУП го спроведува како дел од поширокиот проект “Support to European Integration of North Macedonia', кој се спроведува од страна нa UNOPS North Macedonia во соработка со Министерството за европски прашања, а со поддршка од Шведска и Швајцарија.