Обука за пратеници и собраниска служба на тема „Претпристапни фондови на ЕУ (ИПА) – управување и влијание“ | ЦУП
Сподели
Настан

Обука за пратеници и собраниска служба на тема „Претпристапни фондови на ЕУ (ИПА) – управување и влијание“

Дата: 15.09.2026

ЦУП организираше обука на тема „Претпристапни фондови на ЕУ (ИПА) – управување и влијание“ на 14 и 15 септември 2026 год. во рамки на проектот „ПАВЕ: Гласот на Собранието за Европа“.

Пратеници и службеници во Собрание на Република Северна Македонија кои имаа можност да дискутираат и да се запознаат со:

- улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ и надзорот над ЕУ фондовите

- користењето на ЕУ фондовите и политичките очекувања

- начинот на функционирање и влијанието на ЕУ фондовите/ ИПА инструментот

- практични можности за контрола на Собранието врз овие финансиски средства.

Целта на оваа и сите обуки организирани во рамки на проектот „ПАВЕ: Гласот на Собранието за Европа“ е да се подобри подготвеноста на собраниската служба и пратениците за активно учество на Собранието во процесот на интеграција кон ЕУ од различни аспекти.

 Оваа обука е организирана со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија", имплементиран од UNOPS North Macedonia (Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги). Содржината во рамки на активноста е единствена одговорност на Центарот за управување со промени (ЦУП) и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.