Консултативен состанок - Улогата на граѓанското општество во мониторинг на - Управувањето насочено на развој | ЦУП
Сподели

Консултативен состанок - Улогата на граѓанското општество во мониторинг на - Управувањето насочено на развој

Дата: 06.11.2015

Консултативен состанок – Улогата на граѓанското општество во мониторинг на “ Управувањето насочено на развој“.

Програмскиот координатор на Центарот за Управување со промени Наталија Шикова зеде учество на консултативниот состанок – Улогата на граѓанското општество во мониторинг на “Управувањето насочено на развој” кој се одржа на 6 ноември 2015 година во Подгорица, Црна Гора, организиран од Институт Алтернатива од Подгорица, Црна Гора. Шикова ги презентираше начините и можностите на кои граѓанското општество може да се вклучи и да земе активна улога во процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики, преку претставување на Методологијата за мониторинг и евалуација на јавни политики креирана во рамките на проектот Мрежа 23 и презентација на студијата на случај, поддржана од програмата IPA Civil Society Facility.

Панел дискусијата се одржа во склоп на проектот “Управување насочено кон раст: Од нас зависи” кој се спроведува со поддршка на Регионалниот совет за соработка (RCC) во рамките на примената на Стратегијата за развој на југоисточна Европа 2020, а на неа учество зедоа претставници на граѓански и тинк – тенк организации од целиот регион.   

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk