Центарот за управување со промени (ЦУП) го објавува истражувањето „Етика и недоследности во работењето на органите на државната управа низ призмата на Државниот завод за ревизија“.
Ова истражување се однесува на недостатоците и незаконитостите кои се појавуваат во пракса кај органите на државната управа, а кои овозможуваат услови за ризик од корупција. При тоа, како основа за ова истражување се земени наодите на ДЗР, како централна јавна институција која има овластување да ја следи законитоста во работењето на целиот јавен сектор.
Предмет на ова истражување се неправилностите во работењето на органите на државна управа, прикажани во извештаите на Државниот завод за ревизија. Во рамки на ова истражување ќе се идентификуваат слабостите во врска со работењето во јавните институции и предложат мерки за нивно подобрување.
Линк до истражувањето - https://cup.org.mk/publication/ethics-and-inconsistencies-in-the-work-of-state-administration-bodies
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ кој е поддржан од National Endowment for Democracy (NED).
Дата: 22.04.2025
Дата: 24.02.2025
Дата: 01.02.2025