Новости
Новост
Работилница за стратешко планирање на државната управа
Дата: 06.03.2018
Во организација на Центарот за управување со промени и Генералниот секретаријат на владата на РМ во хотелот “Сириус” во Струмица се одржува работилница за следење, оценка и известување за спроведување на стратешкиот план на органите на државната управа.
Ова е вториот ден од тродневниот настан за првата компонента на нашиот проект “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”, поддржан од Британската амбасада во Скопје. На работилницата учествуваат претставници на повеќе министерства во владата на Република Македонија, генералниот секретаријат на владата и невладини организации.







