Procedure for submitting initiatives | CCM
Share

Почнувајќи од втората половина на 2020 година, Центарот за управување со промени (ЦУП) воведе нова алатка за поттикнување на граѓаните во правењето промени во јавната сфера со доставување на иницијативи на нашата интернет страна.

Постапка за иницијативи

Потребно е да ја осмислите и внесете вашата иницијатива на нашата интернет страна и да отпочнете да ја ширите идејата за промени. Отворено е за сите граѓани на РСМ над 18 години.

Иницијативата треба да биде на тема поврзана со унапредување на секојдневието во јавната сфера како на пример предлози за промена во усугите на јавната администрација. При тоа не смее да биде ништо навредливо, несериозно или вознемирувачко.

Следете ги следните чекори за да можете да ја користите интернет страницата на ЦУП да поднесете иницијативи, кампањи, да поттикнете свест и поддршка за одредени прашања од поширок интерес.

Осмислете ја Вашата иницијатива

Потребно е да бидете на возраст од најмалку 18 години и граѓанин на РСМ.

Соберете неколку основни информации: наслов на иницијативата, краток опис на барањето, измени во регулатива, детали за контакт.

Сакате да дознаете повеќе – проверете ги условите за објавување на иницијативите на нашата интернет страница

Внесете ја вашата иницијатива

Внесете ја вашата иницијатива преку веб формуларот И почекајте да биде одобрена од администраторот.

Ќе ве контактираме најдоцна во рок од 15 дена за да ве известиме дали иницијативата ги исполнува основните услови за објавување. Вашата иницијатива ќе биде тогаш ќе биде објавена на нашата интернет страница.

Започнете со ширење на вашата иницијатива

Во рок од 12 месеци вашата иницијатива треба да добие најмалку 500 поддржувачи.

Проширете ја патеката до вашата иницијатива на социјалните мрежи како и помеѓу вашите пријатели и познаници. Со кликање на копчето „поддржи иницијатива“ се зголемува поддршката за да стигнете до потребниот број на поддржувачи.

ЦУП исто така ќе ја објави вашата иницијатива на нашата интернет страница, како и нашите профили на социјалните мрежи.

Иницијативата има 500 поддржувачи?

ЦУП има широка мрежа на контакти со носителите на политиките во РСМ преку која ќе ви овозможи да ја отпочнете постапката за креирање на измени потребни за усвојување на вашата иницијатива.

Во контакт со иницијаторите и организаторите се подготвуваат следните чекори за презентација на вашата иницијатива пред носителите на политиките во соодветната област.

Се е договорено? Презентирајте ја Вашата иницијатива пред носителите на одуки

Да ја презентираме идејата за промени поттикната од вашата иницијатива.

This tool for submitting and supporting initiatives is funded by the European Union and the Programme „Civica Mobilitas“.

Str.Mitropolit Teodosij Gologanov no.34a,
1000 Skopje, North Macedonia

Tel: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk