ЦУП на конференцијата на CAF во Софија

Дата: 13.04.2018

Весна Бочварска, проектен менаџер од Центарот за управување со промени на 12-ти Април учествуваше на 8-та конференција на CAF (Common Assessment Framework - Рамка за Заедничка Проценка) кој се одржа во Софија.

Рамката за заедничка проценка(CAF) е модел за самовреднување со акцент на подобрување на перформансот на организациите од јавниот сектор во Европа, како еден од главните резултатите на Европската мрежа за јавна администрација (EUPAN).

Користењето на овој модел се смета за ефективен пристап до остварување на повеќе аспекти на реформите во јавната администрација и како системска поддршка за зацврстување на капацитетите на јавната администрација.

Оваа година 8-та конференција на ЦАФ се одржа во главниот град на Бугарија, земјата претседавач на Советот на ЕУ, со стратешка амбиција да се заложи за посилна поддршка од раководните структури и за имплементирање на овој холистички пристап за подобрување на јавниот сектор.

Конференцијата на CAF се спроведуваше под мотото “Со квалитет кон иднината: Консензус, Конкурентност, Кохезија и Култура”

Фокусот на расправата беше на различни теми поврзани со примената и унапредувањето на CAF со говорници од бројни европски земји како Естонија, Босна и Херцеговина, Финска, Словенија, Грција, Шпанија, Италија, Полска а за прв пат беше активна и делегацијата на Република Македонија.

Галерија на новоста

ЦУП на конференцијата на CAF во Софија

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk