Административни постапки - барања, жалби и тужби од граѓаните во однос на администрацијата

Дата: 04.07.2017

Секогаш кога граѓанинот е странка во постапка , во која од другата страна се јавува и државата, општината или некое правно или физичко лице кое врши јавни овластувања (администрација или јавен орган) , станува збор за административна, односно управна постапка. 

Правилата на административната постапка се воспоставуваат со цел да обезбедат правна сигурност во процесите на носење на одлуките, но и да обезбедат повисок степен на правна заштита на граѓаните против одлуките со кои се одлучува за нивните права и обврски.   

За таа цел , како дел од проектот "Следење на административната правда", Центарот за управување со промени објави брошура во која граѓаните можат да ги најдат одговорите за најчестите прашања поврзани со текот на административните постапки, со посебен акцент на правата на жалба и тужба.

Покрај тоа, во текстот се даваат и основните информации за трошоците на управната постапка како особено важни за остварување на еден од основните принципи на административната правда , а тоа е - пристапот до правдата. 

Истовремено, брошурата ги содржи и општите информации за државниот управен инспекторат и народниот правобранител, како значајни механизми за заштита на правата на граѓаните во односите со администрацијата. 

Целиот текст на брошурата можете да го прочитате тука. 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk