Најава за претставување на Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите

Дата: 01.09.2017

Во вторник 5-ти Септември, Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ќе ја претстават Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите.

Настанот ќе се одржи во Хотелот Арка, со почеток од 13 часот.

Ќе бидат презентирани дел од активностите поддржани од проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, кои резултираа со повеќе истражувачки стории поврзани со овие области.

Истовремено, ќе биде претставена и интернет страницата istrazifakti.mk, на која се објавени истражувачките стории направени во текот на проектот , како поддршка на Платформата и нејзините активности.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk