Услови на користење
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1. Преку оваа платформа иницијатива може да создадат само физички лица (поединец или група) кои се полнолетни, односно имаат навршено 18 години возраст и се државјани на Република Северна Македонија. По исклучок, иницијатива може да создаде и граѓанска организација регистрирана во Република Северна Македонија.
1.2. Со поднесување или поддршка на иницијатива потврдувате дека сте полнолетно лице, односно имате навршено 18 години возраст.
1.3. Секое лице кое сака да создаде иницијатива на оваа платформа мора да наведе свое лични податоци, како што се име и презиме и мејл адреса или назив на организацијата. Податоците кои ги наведувате за себе мора да се комплетни и вистинити во моментот кога ги пишувате.
1.4. Секое лице кое создава иницијатива мора изречно да наведе дали се согласува неговото име или име на организацијата да се прикажуваат на платформата. Доколку за тоа изречно не се даде согласност тие податоци нема да бидат прикажани.
1.5. Секое лице кое создава иницијатива мора да се изјасни дали се согласува да добива известувања од ЦУП во врска со резултатите од кампањата по создадената иницијатива. Доколку за тоа изречно де се даде согласност ЦУП нема да испраќа известувања до создавачот на иницијативата.
1.6. ЦУП како сопственик и единствено одговорен субјект за платформата „Иницирај“ ќе ги користи сите поднесени податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.
1.7. За создадените иницијативи ЦУП спроведува јавна кампања на своите профили на социјалните мрежи (Facebook, Instagra, LinkedIn) и пред институциите, односно носителите ја јавни функции доколку има прилика.
1.8. Иницијативата ќе биде доставена до надлежна јавна институција, односно носител на јавна функција доколку го исполни претходно поставениот праг на поддржувачи. ЦУП го здржува правото самостојно го поставува прагот на број на поддржувачи.
1.9. Иницијативата ќе остане објавена на оваа платформа во период од една година од нејзиното објавување.
1.10. се оградува доколку иницијаторите имаат материјална или финансиска корист од доставената иницијатива.
1.11. ЦУП не сноси одговорност за активностите во кампања која е продолжена од друг ентитет за некоја иницијатива првично покрената преку интернет страницата на ЦУП.
2. СОДРЖИНА НА ИНИЦИЈАТИВА
2.1. Поднесените иницијативи не смеат да поддржуваат ниту една политичка партија.
2.2. Иницијативите треба да се однесуваат на општествени прашања, односно прашања кои ги засегаат граѓаните, а не прашања кои се од важност за политичка партија или поединци.
2.3. Задолжително информирајте го ЦУП доколку сте носител на јавна функција за истото да биде земено предвид при обработка на иницијативата.
2.4. Создавачот на иницијативата мора да наведе образложение на проблемот и предлог решението, кои мора да се базира на вистини и факти.
2.5. Доколку создавачот на иницијативата прикачи аудио-визуелно материјали (фотографии, видеа и сл.) со поднесување на иницијативата изјавува дека тие се во негова сопственост, односно дека со авторските права на сликите, текстот и друга содржина не располага трето лице, односно дека имате дозвола или лиценца истите да ги користите на овој начин.
2.6. Со поднесување на иницијативата, давате согласност прикачените аудио-визуелно материјали ЦУП да ги користи, менува, репродуцира, објавува и споделува за целите на кампањата за поднесената иницијатива.
2.7. ЦУП го задржува правото да не објави иницијатива доколку истата:
- Ги повредува човековите слободи и права.
- Го нарушува уставниот поредок на државата и поттикнува незаконито делување.
- Поттикнува омраза, насилство и дискриминација.
- Е спротивна на принципот на демократија.
- Не може да се поддржи со независни докази и податоци.
2.8. ЦУП го задржува правото да ги отстрани сите слики, текст и друга содржина кои смета дека се несоодветни, навредливи, повикуваат на насилство или претставуваат закана.
3. ОДГОВОРНОСТ
3.1. Платформата „Иницирај“ е во сопственост на ЦУП, кој е единствено одговорен за нејзино одржување и за содржината која се објавува.
3.2. ЦУП не носи одговорност за евентуална загуба или добивка, повреда или штета настаната поради објавување на сликите, текстот и друга содржина кои се поднесени на интернет страницата во контекст на предложените иницијативи.
3.3. Се повикуваат сите посетители на интернет страницата на ЦУП да пријават содржина која поттикнува незаконско делување, омраза, насилство, дискриминација по било кој основ, навредлива или заканувачка содржина на адресата info@cup.org.mk.
3.4. ЦУП го задржува правото да ги промени условите за користење на страницата во секое време, при што изменетите услови ќе бидат веднаш објавени на страницата на ЦУП. Корисниците на страницата носат единствена одговорност за проверка на условите за користење.
3.5. Сите преземања и објавувања на содржина од интернет страницата на ЦУП мора да бидат претходно изречно дозволени од ЦУП. Се повикуваат сите посетители на интернет страницата на ЦУП да пријават недозволено преземена и објавена содржина на адресата info@cup.org.mk.
3.6. Овие услови за користење подлежат на одредбите на законодавството на Република Северна Македонија. Во случај на спор врз основа на овие услови за користење, спорот го решава Основниот суд Скопје 2 - Скопје.