Проекти
Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија
Намерата на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во сите фази на процесот на локално буџетирање, преку што ќе се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари и ќе се подобри фискалната транспарентност во општината во корист на граѓаните. Проектот се имплементира во повеќе општини од страна на организации кои се дел од мрежата ФИСКАСТ. Центарот за управување со промени е одговорен за соработка со Општина Ѓорче Петров за сите планирани активности и очекувани резултати.
Период 01.05.2017 - 31.12.2019
Донатор: УСАИД, Civic engagement project - Ист-Вест Менаџмент Институт
Краен корисник на проектот: Општинската администрација, советот на општината, засегнати страни, граѓаните на општината
Главна цел:
Севкупната цел на проектот е да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари. Посебните цели на проектот се да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и и тоа не само во неговата подготовка, туку и претходно во фаза на дефинирање на приоритетните проекти за граѓаните, распределбата на општинските пари, но потоа и следењето на реализацијата на буџетот и оценување на неговата ефикасност за потребите на граѓаните.
Очекувани резултати:
- Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – граѓанското општество, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми – во процесите на локално буџетирање;
- Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;
- Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.
- Воспоставување на партнерства меѓу локалните засегнати страни и општината.
- Подобрување на капацитетите на општинските администрации за децентрализираните надлежности.
Проектот е финансиран од УСАИД, во рамки на Civic engagement project - Ист-Вест Менаџмент Институт



