Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџети | ЦУП
Сподели

Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџети

Главната цел на проектот ќе биде да се зајакнат капацитетите на административните службеници за вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите преку користењето на алатките за Родово Одговорното Буџетирање (РОБ). Подетално, целта на овој сет на услуги ќе биде да се обучат клучните административни службеници за примената на РОБ алатките во специфичните секторски анализи на програмите и буџетите, развивање на родови индикатори и следење и оценување на ефектите од родово одговорните политики и буџети во целокупниот општествен контекст. Главниот пристап на проектот е трансформативно креирање на политики и финансирање како овозможувачки фактор за имплементирањето на постоечките национални и меѓународни заложби за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Период 16.09.2021 - 30.06.2023

Донатор: UN Women

Краен корисник на проектот: Државни институции
Државни службеници

Главна цел:

Градење и развивање на капацитетите на државните службеници во однос на родовите перспективи во креирањето на политики и буџетирањето, како и промовирање на родовата рамноправност низ институциите и јавниот сектор.

Очекувани резултати:

· Развивање на четири тренинг модули за РОБ, вклучувајќи и Обука за обучувачи;
· Дизјанирање и развивање на user-friendly онлајн платформа како алатка за градење на капацитетите и споделување на знаењата на административните службеници за родово одговорно креирање на политики и буџетирање;
· Креирање на репозиториум на меѓународни и домашни ресурси за РОБ како интегрален дел на онлајн платформата;
· Спроведување на обуки за РОБ наменети за административните службеници;
· Воспоставување на База на обучувачи за РОБ;
· Развивање и дизајн на информативнии и промотивни материјали за примена на РОБ.



Галерија на проектот

Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики

Основна обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми

Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики

Презентација на препораки за унапредување на организациската структура и функционалноста на Патронажната дејност

Отворорање на првиот Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политиките и буџетирање

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk