Проекти
Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџети (Втора Фаза)
Во втората фаза во периодот од 2024 до 2026 година, проектот има за цел да ја подобри родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање (РОБ) во Северна Македонија преку континуирана поддршка и развој на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. Оваа иницијатива, предводена од UN Women и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), има за цел да го унапреди капацитетот на државните службеници во интегрирање на родови перспективи во процесите на креирање политики и буџетирање. Основната цел е да се осигура дека владините политики и буџети ги рефлектираат и одговараат на потребите и на жените и на мажите, особено фокусирајќи се на најранливите групи.
Период 01.06.2024 - 10.05.2026
Донатор: UN Women
Краен корисник на проектот: Државни институции, Државни службеници
Главна цел:
Новите активности имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за РОБ. Ова ќе помогне да се институционализира родово одговорниот пристап во институциите.
Очекувани резултати:
Активностите ќе имаат за цел да го промовираат ресурсниот центар и неговата работа и да ја подобрат неговата видливост со релевантни активности. Една од главните цели е да се подигне свеста за работата на Ресурсниот центар и важноста на РОБ. Ова вклучува креирање на промотивни материјали, ангажмани со засегнатите страни и генерално градење култура за континуирано подобрување на практиките за родова еднаквост.
Видео
Ресурсен центар за родово одгвоорно креирање на политики и буџети
ЦУП обезбедува експертска поддршка на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџети, уште при неговото воспоставување во 2021 година, за зајакнување на капацитетите на вработените во министерствата и другите органи на државна управа за креирање на родово одговорни на политики и буџети и примена на принципот на еднаквост, преку:
- Развивање и спроведување на модули за обуки за родово одговорно креирање на политики и буџети, еднаквост и недискриминација за вработените во јавниот сектор,
- Спроведување на обуки за обучувачи и развивање на база на обучувачи,
- Развивање на веб страница и дигитален репозиториум со домашна и меѓународна стручна литература (mtspresursencentar.mk),
- Развивање на промотивни материјали за ресурсниот центар.
Ресурсниот центар е поддржан од Канцеларијата на UN Women во Скопје преку проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ- Фаза 2“, финансиран од Швајцарија и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во РСМ“, финансирана од Швајцарија.


