Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион во РСМ | ЦУП
Сподели

Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион во РСМ

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на бизнис климата во руралните средини на Североисточниот плански регион преку унапредување на јавните услуги на локалната заедница, зајакнување на претприемачките вештини на младите жени и креирање на нови бизниси. Проектот дополнително ќе ги разгледа и можните проблеми и ограничувања со кои се соочуваат младите жени во руралните средини за да се вклучат на пазарот на труд и да остварат поголемо учество во креирање на локалните политики. Во овој контекст ќе се направи анализа и препораки со соодветни предлог мерки и истите ќе ги доставиме до локалните самоуправи во Североисточниот плански регион. Целта е преку поголемо учество на младите жени во формулирање на политиките да се придонесе кон креирање на поволна бизнис клима во руралните региони, која ќе го стимулира развојот на женското социјално претпримеништвото.

Период 01.06.2023 - 31.12.2023

Донатор: Европска Унија

Краен корисник на проектот: Млади жени од североисточниот плански регион на Република Северна Макеоднија

Главна цел:

Општата цел на проектот е да се зајакне социо-економската состојба на младите жени од руралните средини преку развој на вештини за креирање на бизнис модели во областа на економија на грижа.

Очекувани резултати:

1) Подобрени вештини на млади жени од рурални средини за започнување на сопствен бизнис и вмрежување во областа на економија на грижа; (2) Зголемена соработка на младите жени со локалните власти и нивно поголемо учество во креирање на локалните политики; и (3) Зголемена траспарентност на активностите за поддршка на младите и развој на економија на грижа. За таа цел, ќе бидат вклучени 20 млади жени од рурални средини на Североисточниот плански регион, преку процес на три месечно менторство од страна на експерти за развој на бизниси во областа на економија на нега/грижа.



Галерија на проектот

Воведна сесија за економија на грижа

Видео

Гостување на проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска во утринската програма на ТВ Телма

Проектната координаторка Јасна Пајковска гостуваше во ТВ Телма по повод промовирање на резултатите од проектот „Социо-економско јакнење на младите жени во североисточниот плански регион“. 

Гостување на проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска во емисијата „Утринска на Телма“

Проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска гостуваше во емисијата „Утринска на Телма“ во врска со тековните активности на проектот „Социо-економско јакнење на жените од Североисточниот плански регион“ кој го промовира концептот на економија на грижа преку разни форми на социјално претприемништво како и интегрирање на социјални елементи на постоечки бизниси т.е. трансформација на бизниси и зајканување на нивната општетсвена одгвоорност. Но, сепак главната цел е да се охрабрат малдите жени (од селектираните општини во Североисточниот плански регион) да започнат свои бизниси преку кои ќе ги адресираат проблемите во своите заедници и ќе станат економски независни.

Прочитајте повеќе за проектот на следниот линк https://cup.org.mk/proekti/socio-economic-strengthening-of-young-women-in-the-north-eastern-planning-region-in-rnm 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk