Проценка на можностите за развој на економија на грижа во североисточниот регион во РСМ | ЦУП
Сподели

Проценка на можностите за развој на економија на грижа во североисточниот регион во РСМ

Автор:

година: 2023

Центарот за управување со промени - ЦУП го спроведува проектот “Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион на РСМ” финансиран од Европската Унија, преку проектот „Потпри се на младите”. Општата цел на проектот е да се зајакне социо-економската состојба на младите жени од руралните средини преку развој на бизнис модели во областа на економија на грижа. Центарот за управување со промени преку имплементација на проектот придонесува кон поттикнување на учеството на младите жени во формулирање на локалните политики со цел поголемо застапување на нивните интереси и креирање на бизнис клима која го поддржува женското претприемништво. Намалувањето на јазот во родовата нееднаквост, проследен со создавање услови за еднаков пристап на правата, заштитата од дискриминација, напредувањето во кариерата и економската стабилност на жените во руралните средини се главните приоритети на кои ќе се работи во проектот со цел да се обезбеди социо-економски развој за младите жени во руралните области.

Анализата, која Центарот за управување со промени ја спроведе во рамки на проектот, ги детектираше можностите за поголема економска активација на младите жени на пазарот на труд преку обезбедување на услуги на грижа кои недостигаат во руралните средини. Резултатите и наодите од анализата укажуваат на тоа кои социјални услуги недостигаат во секоја од општините вклучени во анализата, вештините и искуствата со кои располагаат младите жени за да започнат сопствен бизнис и бариерите кои ги одвраќаат жените поактивно да учествуваат во креирањето на локалните политики. Препораките кои произлегуваат од анализата имаат за цел да посочат на можни начини како општините да обезбедат квалитетни услуги за нега кои ќе придонесат кон подобри резултати за здравјето и благосостојбата на поединците и семејствата во руралните средини.

Преземи Погледни

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk