Поддршка за креирање политики базирани на докази во секторот на образование | ЦУП
Сподели

Поддршка за креирање политики базирани на докази во секторот на образование

Проектот има за цел да воспостави аналитичко одделение во рамки на Министерството за образование и наука, и притоа да ја развие аналитичката функција во Министерството. Проектот вклучува дефинирање на организацијата на аналитичкото одделение, регрутирање кадар, подобрување на капацитетите и дефинирање на работни процедури. Исто така, ќе бидат анализирани централните информациски системи за образование и ќе бидат даде препораки за подобрување, вклучувајќи изработка на процедури за прибирање и размена на податоци во рамки на институциите од секторот на образование.

Период 05.12.2018 - 31.12.2019

Донатор: Британска амбасада Скопје преку УНИЦЕФ

Краен корисник на проектот: Министерство за образование и наука

Главна цел:

Креирање и анализа на политики во секторот на образование базирано на докази

Очекувани резултати:

  • Воспоставено аналитичко одделение во рамки на Минитерството за образование и наука за да се обезбеди носење одлуки базирани на докази и развој на институционални механизми за поддршка на процесот на реформа на јавните политики
  • Развиени системи за прибирање на податоци и известување во рамки на институциите од областа на образованието

Проектот е финансиран од Британската амбасада Скопје, преку УНИЦЕФ



Галерија на проектот

Работилница за клучни наоди и препораки за унапредување на ЕМИС и Е-Дневник системите

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk