Овој проект има за цел да придонесе кон реформата на јавната администрација преку поддржување на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Реализацијата на проектот е поддржана од Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија, а проектните активности ќе се имплементираат во соработка со Министерството за јавна администрација. Проектот исто така има за цел зајакнување на капацитетите на административните службеници преку пилотирање на програми за обуки за јавната администрација. Странска експертиза ќе биде вклучена во реализација на проектот, експерти од Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP) и Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP) ќе споделат искуства и добри практики од француската администрација.
Период 01.08.2025 - 30.07.2026
Донатор: Амбасада на Република Франција во Северна Македонија
Краен корисник на проектот: Министерство за јавна администрација
Главна цел:
Очекувани резултати: