Поддршка за реформите во јавната администрација
						
							Проектот опфаќа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во процесот на реформи на јавната администрација.
						 
						Период
							01.06.2013 - 31.03.2015						
						
						
						Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)
						Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација
						Главна цел: 
Градење на капацитетите на Министерството за информатичко општество и администрација за управување со реформите во јавната администрација (РЈА)
						
							Очекувани резултати:
								
Воспоставена комуникациска стратегија и подигната свеста кај граѓанските/државните службеници за управување со компетенции
 - Имплементирани стандарди за управување со квалитет во МИОА, преку Заедничка рамка за проценка на квалитет (КАФ), притоа создавајќи модел и за другите владини структури;
 
 - Спроведени обуки за градење на капацитети на вработените во МИОА за управување со проекти потребни за спроведување на сегменти од националната РЈА стратегија;
 
 - Развиена комуникациска стратегија за фасилитација и поддршка на процесот на управување со компетенции заснована на рамката за компетенции за управување со човечки ресурси во администрацијата на РМ;
 
 - Организирање на јавна кампања за поттикнување на пораки за системот заснован на компетенции, вклучувајќи и ги и најчесто поставуваните прашања;
 
 - Организирање на трибини, дебати и работилници во државни служби на органите на државната власт и локалните општини и поддршка во управувањето со човечки ресурси заснована на рамката за компетенции. 
 
Развиени компетентнции врз основа на вештини за средно ниво на менаџмент (управување со перформанси)
 - Развој на модули за обука на обучувачи за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции наменето за менаџментот од средното ниво во министерствата;
 
 - Избрани и обучени 10 тренери (специјалисти по човечки ресурси) кои го пренесуваат своето знаење, го обучуваат и тренираат средниот менаџмент во министерствата со цел придавање важност за проценка и развој на надлежностите на вработените;
 
 - Спроведени 20 обуки во 14 министерства за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции наменето за средното ниво на менаџмент;
 
 - Подготвена методологија за управување со компетенции како и рамка за компетенции за управувањето со човечки ресурси во администрацијата;
 
 - Подобрување на методологијата за управување со човечките ресурси засновани на рамката за компетенции во администрацијата;
 
 - Ревидирана публикацијата на стандардите за човечки ресурси, во согласност со рамката за компетенции и вклучување стандарди за еднакви можности;
 
 - Подготвени внатрешни процедури што ќе ја регулираат имплементацијата на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
 
 - Спроведена обука на одделенијата за човечки ресурси на ниво на јавна администрација во спроведувањето на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
 
 - Обука на единици на човечки ресурси во избрани институции на државната администрација од страна на тим на обучувачи за човечки ресурси, за поддршка на имплементацијата на стандардите на човечки ресурси и стандардите засновани врз компетенции.
 
Воспоставени системи и процедури за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции  
 - Подготвен водич заснован врз компетенции за интервју со потенцијални кандидати (барачи на работа);
 
 - Подготвен водич заснован врз компетенции за интервју и селекција на панели и менџаери за човечки ресурси;
 
 - Подготвени 17 брошури со примероци за тестирање и регрутирање засновани на компетенции, симулации, студии на случај, прашалници за основни и специфични работни компетенции;
 
 - Подготвен систем за е-учење за сертификација на членовите на панелот за интервјуа.
 
Подготвен концептот за едукација и развој во согласност со стратегијата за РЈА за спроведување структуриран приод за стекнување и развој на вештини
 - Развиени знаења за воведување на е-учење во јавната администрација;
 
 - Развиени 13 модули  за  е-учење наменети директно за рамката на  компетенции за управување: (1) Менџамент за промени; (2) Комуникација; (3) Управување и развој; (4) Стратегија и иновација; (5) Решавање на проблеми и донесување одлуки; (6) Постигнување резултати; (7) Едукација и развој; (8) Клиент ориентиран; (9) Работење со други; (10) Потенцијални влијанија од нови регулативи (ПВР); (11)Еднакви можности и анти-дискриминација; (12) Слободен пристап до информации; и  (13) Заштита на податоци protection;
 
 - Подоготвка на програма за обука и обука на високите претставници (вишото раководство), подобрување на нивните професионални вештини, суштински компетенции, специфични вештини (за техничка работа).