Истражувања
Анализа на придобивките и трошоците од воведување на електронски услуги
Автор: Мартин Тодевски
година: 2016
Предмет на овој документ е ex-ante анализа на политика за воведување на електронски административни услуги кон граѓаните од страна на државните институции. Конкретно, документот опфаќа истражување на избрани услуги кои се обезбедуваат кон граѓаните само во физичка форма, заради анализирање на ефектот од нивна трансформација во електронска форма. Имено, се анализираат придобивките и трошоците на граѓаните и институциите во рамки на методологија на cost-benefit анализа, за да се утврди дали е исплатлива политиката на воведување на електронски услуги.



