Истражувања
ЗАКОНОТ И ПРАКСАТА - ШТО НЕДОСТАСУВА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА ЗА ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ?
Автор: Ирена Бојаџиевска, Искра Белчева Риствска
година: 2026
Во услови на интензивна дигитализација транспарентноста на јавниот сектор подразбира многу повеќе од едноставно објавување на документи. Тоа подразбира објавување на детални податоци во соодветен и обработлив формат, кои се лесно достапни, не повеќе од три клика, т.е. отворени податоци. За терминот отворени (open data) податоци како синоним се користи и терминот „владини податоци“ (government data), а се дефинира како податоци на јавните институции до кои секој може слободно да пристапува, може слободно да ги користи, менува и споделува за која било цел (најмногу под услов да се почитуваат барањата што го зачувуваат потеклото и отвореноста).


