Истражувања
Документ за јавни политики - Дали е возможно владеењето на правото со комерцијален службен весник?
Автор: /
година: 2026
Општите правни акти кои ги доенсуваат органите на државна власт и органите на управата се објавуваат во службено гласило со цел граѓаните да бидат запознаени со нивните права и обврски, како и правилата кои ги уредуваат постапките во кои ги остваруваат тие права и обврски. Ова е општ стандард на секоја демократска држава, во која владеењето на правото е основен принцип и ги гарантира правната сигурност и извесност на граѓаните. Меѓутоа, овој стандард не е целосно применет во Република Северна Македонија, каде за пристап до тековните изданија на Службениот весник, во кој се објавуваат законите и подзаконските акти, се бара плаќање на одреден паричен износ. Овој документ за јавни политики подетално ја анализира оваа апсурдна состојба и предлага повеќе препораки за нејзино надминување.
Слични публикации
Стручен коментар и предлози за нацрт-законите кои го уредуваат вработувањето во јавниот сектор, објавени на ЕНЕР на 27.12.2024
Проекција на импликациите од член 11 од законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица











