Testimi ekstern, notimi, sfidat, dhe hapat e ardhshëm: Testim ekstern me çdo kusht? | ЦУП
Сподели

Testimi ekstern, notimi, sfidat, dhe hapat e ardhshëm: Testim ekstern me çdo kusht?

година: 2016

Воведувањето на екстерното проверување на знаењата на учениците претставува една од најконтроверзните реформи во образованието во Република Македонија поради широкиот публицитет и реакции во јавниот дискурс. Имплементацијата на мерката се соочуваше со сериозни предизвици, но мерењето на ефектите од воведување на мерката, 5 години по воведувањето, отсуствува и не успева да даде јасна слика дали концептот на екстерна евалуација придонесува кон поставената цел: утврдување на објективноста во оценувањето кај наставниците и саморефлексија на постигнатото знаење кај учениците.

Ова истражување настојува да ја обзнани перцепцијата на евалуираните (наставници и професори) за исполнувањето на оваа поставeна цел. Со мерењето на перцепцијата на оние кои се најдиректно засегнати од оваа политика треба да се добие слика за врската помеѓу целта на екстерното евалуирање, поставена од страна на изготвувачите на политики и нејзините крајни корисници: наставниците и учениците. Дали е подобрена објективноста во оценувањето од страна на наставниците? Каков е импактот на екстерната евалуација врз учениците? Дали екстерното тестирање влијае врз подобрување на квалитетот на образованието? Се тоа се прашања кои сé уште создаваат сериозни јавни несогласувања помеѓу главните учесници во образованието.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk