Центарот за управување со промени заедно со неговите партнери во рамки на проектот „Развој на микропретпријатија во прекуграничната област” продолжува со хуманата мисија во борба против Ковид 19. Покрај маските за лице и заштитните визири кои беа изработени од страна на жени претприемачи, тимот на ЦУП ја идентификуваше и препозна потребата од донација на антибактериски сапуни и ги насочи своите цели кон излегување во пресрет на оваа потреба.
За таа цел алоцираше средства за изработка на 1.100 антибактериски сапуни на природна база, произведени од компанијата „АЗУР“ од Тетово менаџирана од Ангела Петрушевска. Ангела Петрушевска е успешна жена претприемач чии претприемачки способности беа зајакнати во рамките на “Проектот за развој на микропретпријатија во прекуграничната област”.
Антибактериските сапуни ќе бидат донирани во Дерматолошки ординации и на тој начин ќе овозможуваме заштита на сите оние лица кои поради кожни заболувања не се во можност да ги следат препораките за често миење на рацете, но исто така овие сапуни се наменети за сите лица на кои работните обврски им наложуваат 8 часовно носење на заштитни ракавици на рацете и поради тоа им се јавуваат иритации на кожата. Донираните сапуни се 100% природни, изработени од козјо млеко и мед, наменети се за чувствителна кожа и овозможуваат целосна заштита на кожата.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024