Во Собранието на Република Северна Македонија се одржа состанок како дел од работатата за Реформата на Собранискиот канал и унапредување на парламентарното емитување, конкретно, за разгледување на нацрт Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.
Оваа реформа се одвива во рамките на Проектот за парламентарна поддршка, но и како дел од Акцискиот план на Собранието за Партнерството за отворено владеење и во согласност со целите на Стратешкиот план на Собранието. Овој состанок се поклопува со отпочнувањето на неделата посветена на Партнерството за отворено владеење, имајќи предвид дека Собранискиот канал е директен и најголем извор на информации за работата на Собранието, а оваа реформа се прави токму со таа цел, односно, да се добие отворено и транспарентно Собрание.
Програмата за парлментарна поддршка е поддржана од Швајцарската агенција за обнова и развој.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024