Во вторник 5-ти Септември, Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ќе ја претстават Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите.
Настанот ќе се одржи во Хотелот Арка, со почеток од 13 часот.
Ќе бидат презентирани дел од активностите поддржани од проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, кои резултираа со повеќе истражувачки стории поврзани со овие области.
Истовремено, ќе биде претставена и интернет страницата istrazifakti.mk, на која се објавени истражувачките стории направени во текот на проектот , како поддршка на Платформата и нејзините активности.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024