Жените во регионите на Полог од македонска страна и Елбасан од албанска страна, за жал, сè уште не се сметаат за вреден потенцијал во бизнисот и извор на приход за семејствата. Во овие региони преовладуваат предрасудите дека жените не можат да бидат подеднакво добри како мажите во бизнисот. Жените и младите девојки често се советуваат да останат дома и да бидат посветени исклучиво на домашните обврски, како единствена важна улога којашто ја имаат жените во општеството.
Токму ...затоа, Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management во соработка со Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR, Foundation Egalite/Fondacioni Egalite/Фондација Егалите од Камењане и Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана, одлучија да реализираат едно поинакво одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми март, односно да спроведат Деловна средба за вмрежување на бизнис жени од регионите на Полог и Елбасан, која се одржа од 08 до 09 март 2019 год. во хотел „Гранит“ - Охрид.
Целта на средбата беше преку претставување на компаниите од регионите на Полог и Елбасан и споделување на искуствата на бизнис жените од овие региони да се разгледаат можностите за нивно деловно поврзување и соработка во секторите во кои работат. Во исто време, средбата имаше за цел да ги охрабри жените претприемачки за поголемо учество во бизнис секторот и поголем придонес во развојот на економијата на двете земји.
Настанот беше финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.
Date: 01.11.2024
Date: 06.10.2024